klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Од македонските музички корени до светската сцена: Стоечки овации за Дино Имери во Германија

Од македонските музички корени до светската сцена: Стоечки овации за Дино Имери во Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·20. 10. 2026. 16:16:07

Со концертот насловен “Традиција и Модерна” оркестарот со светско реноме Вурт Филхармоникер, нивниот гостин солист Дино Имери на пијано и светски познатиот диригент Клаудио Вандели приредија исклучителен концерт исполнет со извонредни уметнички успеси, светска премиера како и бурни овации од публиката во Кармен Вурт Форум оваа сабота. Оваа вечер одбележа значајна презентација на врвно македонско музичко творештво преку делата “Ситна Лиса” (во обработка на Дамир Имери), “Рана” од Дијана Илкоска, “Тешкото” од Глигор Смокварски и Концертот за пијано и оркестар од Дамир Имери. Дополнителен автентичен печат даде и учеството на Ратко Даутовски на традиционалниот инструмент тапан. Впечатлива светска премиера и промоција на македонското творештво Делото “Рана” во кое “музиката го објаснува она што не можат зборовите” (забележува критичарот Андреас Дене, од водечкиот регионален весник Хајлбронер Штиме) доживеа светска премиера во изведбата “доведена до совршенство од страна на звучното тело на Вурт Филхармоникер”. Претставувајќи го концертот, главната директорка за култура во Вурт Силвија Вебер објасни дека “ништо вообичаено не нѐ очекува вечерва, оние кои го ценат исклучителното се на вистинското место - тука.” Германската критика забележува воодушевување од автентичното претставување на македонската традиција во кое “Ситна Лиса” претставува “мост помеѓу чистата природа на фолклорниот мелос и експресивната моќ на големиот симфониски…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti