klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Од болница во Кампала денеска излегува последниот пациент заразен од ебола во Уганда

Од болница во Кампала денеска излегува последниот пациент заразен од ебола во Уганда
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 07. 2026. 07:30:50

Од болница во Уганда денеска ќе биде отпуштен последниот пациент заразен со вирусот ебола, со што ќе започне 42-дневниот период по кој земјата може да биде прогласена за ослободена од таа болест. Пациентот се наоѓа во карантинското одделение на Националната референтна болница „Мулаго“ во главниот град Кампала. По неговото отпуштање започнува периодот на следење предвиден од Светската здравствена организација по кој, доколку нема нови случаи, официјално ќе биде прогласен крај на епидемијата. „Доколку во следните 42 дена не биде регистриран ниту еден нов случај, според насоките на СЗО, Уганда ќе биде прогласена за земја без ебола“, изјави владиниот портпарол, Алан Касуџа. Во поширокото жариште на болеста во регионот најзасегната е Демократската Република Конго, каде досега се потврдени 2.011 случаи на ебола, од кои 754 со смртен исход. СЗО соопшти дека епидемијата предизвикана од сојот „Бундибуџо“ е трета најтешка епидемија на ебола досега. (МИА)

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti