klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Македонија и европскиот парадокс на условите

Македонија и европскиот парадокс на условите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·16. 07. 2026. 07:37:14

Кога се анализира патот кон интеграцијата во Европската Унија, праведноста и доследните стандарди не се само административни формули – тие се темелот врз кој се гради довербата меѓу државите и народите. Европа се претставува како заедница на вредности, но токму во процесот на проширување се гледа дали тие вредности навистина важат за сите или се применуваат селективно. И токму тука се појавува парадоксот: Македонија, држава што веќе претрпе сериозни жртви во својата државност и идентитет – од промена на знамето, преку двојна промена на уставното име, па сè до уставните измени во 2001 година – повторно е ставена пред услови што не се бараат од никој друг. Овој континуитет на наметнати барања ја претвора Македонија во единствен пример каде што евроинтеграцијата не се темели на објективни реформи, туку на билатерални спорови и политички диктати. Додека други држави со значително поголеми малцински заедници напредуваат без да го отвораат својот устав, Македонија е принудена повторно да го менува највисокиот правен акт – симболот на нејзината државност. Ова не е само правно прашање туку прашање на достоинство и еднаквост. Ако Европа навистина сака да биде заедница на вредности, тогаш критериумите за пристапување мора да останат фокусирани на објективни реформи – владеење на правото…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti