klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Обединетата македонска дијаспора ја започнува втората турнеја низ Германија

Обединетата македонска дијаспора ја започнува втората турнеја низ Германија
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·22. 10. 2026. 10:25:29

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) најавува втора официјална турнеја низ Германија, која ќе се одржи од 1 до 9 ноември 2026 година, со цел зајакнување на врските со македонската заедница, воспоставување нови партнерства и продолжување на иницијативата за формирање официјална подружница на ОМД во Германија. По успешната прва посета, за време на која беа остварени бројни средби со претставници на македонската дијаспора, здруженија, професионалци и активисти, ОМД ја продолжува својата мисија за создавање силна, организирана и меѓусебно поврзана македонска заедница во Германија. Во рамките на втората турнеја се планирани средби и активности во Карлсруе, Штутгарт, Дортмунд, Бремен, Хамбург и Берлин, како и разговори со претставници на македонски организации, црковни општини, бизнис-заедницата, млади професионалци и поединци кои активно придонесуваат за зачувување на македонскиот идентитет и за развојот на македонската дијаспора. Главна цел – силна и организирана македонска заедница во Германија Германија претставува еден од најзначајните центри на македонската дијаспора во Европа. Македонците во Германија со децении придонесуваат за економскиот, културниот и општествениот развој на земјата, истовремено одржувајќи силни врски со својата татковина. ОМД смета дека постои огромен потенцијал за подобра координација, заедничко дејствување и институционално поврзување на македонските организации и поединци низ Германија. „Нашата цел не е само да организираме средби, туку…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti