НСПВМ: Трајно решение за професионалните војници по 45 години, ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

По повеќемесечни преговори со Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски, Генералштабот на Армијата и други надлежни институции, постигнато е решение за статусот на професионалните војници кои навршуваат 45 години, информираат од Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија (НСПВМ). Според соопштението на синдикатот, со промената на постојната организациско-формациска структура на Армијата ќе се предвидат дополнителни единици за извршување на стражарска и пријавна служба, распоредени во касарните согласно потребите. Со реформата, како што наведуваат од НСПВМ, се овозможува професионалните војници по навршувањето на 45 години да продолжат да работат во Армијата како цивилни лица, со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време. Меѓу придобивките што ги наведува синдикатот се распоредување на работни места во близина на местото на живеење, можност за користење надоместок за станбено обезбедување, односно закупнина, како и испратнина при пензионирање. НСПВМ посочува и на можноста за остварување армиски додаток и вреднување на високото образование, како и додаток од пет проценти за цивилниот персонал што работи во смени, односно во турнус, под условите наведени во соопштението. Од синдикатот дополнуваат дека остануваат и другите законски можности поврзани со отпремнина и преминување во друга институција, согласно член 40-а од Законот за служба во Армијата. Во завршниот дел од соопштението…
Povezane vijesti

Мисајловски: Професионалните војници може да останат и како цивилни лица во Армијата по 45-тата година, трајно се решава нивниот статус

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во АРМ со договор на неопределено време
