Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски прашања со оглед на тоа дека е завршена пругата од Илинден до Драчево и што ќе придонесе за транспортот и за Коридорот 10. - Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и тоа пред 30-40 години кога првпат била изградена оваа обиколница тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето кое што го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата за жал овок Коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме да целосно го реконструираме заедно со ЈП Железници и инфраструктура каде сакам да се заблагодарам за поддршката и работата на директорот Синиша Ивановски и на целокупниот негов тим. И, во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје со што веќе товарните возови нема веќе да поминуваат низ центарот на градот. Вицепремиерот Николоски истсакна дека тоа е од големо значење од еколошки аспект и временски пократок период. -Со тоа Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај. Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот…
Povezane vijesti

НОВ ИМПУЛС ЗА КОРИДОРОТ 10 - Македонија станува поконкурентна за транспорт

Николоски: Фокус ни е развој и модернизација на Железницата со изградба на нови пруги и набавка на нови локомотиви и возови
