Николоски: Фокус ни е развој и модернизација на Железницата со изградба на нови пруги и набавка на нови локомотиви и возови

Владините политики се фокусирани на развој и модернизација на железничкиот сектор, преку конкретни инвестиции во изградба на нови пруги, обнова на железничкиот товарен и патнички сообраќај и подобрување на услугите, потенцираше заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во поткастот “Радар“. Како резултат на овие политики се бележи зголемување на карго транспорот за 18 %. Дополнително, се забрзува трaнспортот на Коридор 10 на граничните точки преку олеснување на процедурите. -Се воведе “one-stop shop”, односно едно застанување на границата помеѓу Македонија и Грција за карго сообраќај, а во моментов работиме – градиме – заеднички железнички граничен премин со Србија, така што и таму ќе има едно застанување, што значи дека композициите на возовите многу побрзо ќе можат да се движат, што е многу важно за бизнисот, истакна Николоски. Тој говореше и за инвестицискиот циклус во изградба на нова железничка мрежа. -Во Скопје воведуваме Градски воз, Скопје да заличи на метропола како што имаат сите големи метрополи. Од 1 септември ќе стартува првата линија, која што е на линија Зелениково–Драчево–Лисиче–Аеродром–Центар, a веќе во втората половина на оваа година ќе одиме со тендерирање и на другите две линии, а тоа е Центар до Ѓорче Петров и Центар до Илинден. Веќе…
Povezane vijesti

Николоски: Железничко поврзување на Скопје со Албанија преку коридорот 8, воведување на меѓуградски возови

Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај
