Николоски: Односите со Унгарија се добри, унгарските инвестиции во Македонија се реализираат според предвиденото

Односите со Унгарија продолжуваат да бидат на добро ниво, тоа го потврдува последата посета на в.д амбасадорот на Унгарија во Македонија на почетокот на градежните работи на автопатот Букојчани-Кичево, вели во интервјуто за "360 степени", заменик пртеседателот на Владата, Александар Николоски. Инвестициите се реализираат според планираната динамика, додава Николоски. " Драго ми е што вршителот на должноста амбасадор во Македонија, беше на почетокот на градежни работи на Кичево-Бокојчани и официјално објави амбасадата на Унгарија честитка и поддршка за тој проект, што сите знаат во дипломатијата дека тоа не може да го направи амбасадата сама, без координација со нивното Министерство за надворешни работи. Кабинетите комуницираат и очекувам за брзо време да имаме средба со министерот за транспорт. Јас го познавам многу добро, беше Државен секретар во минатото, беше кандидат за градоначалник на Будимпешта, сум учествувал и во неговата кампања, така што очекувам за брзо време да се видиме," вели Николоски. Тој во интервјуто сподели информации во однос на инвестицијата на мобилниот оператор " 4IG" во Македонија. " Согласно договорот за концесија, тие треба до месец март следната година да покријат најмалку еден град во државата, а до крајот на годината да оперираат во цела држава. Можеа било кој град да одберат…


