Николоски: Новиот мобилен оператор „4IG” ќе ја користи мрежата „Старлинк“

Новиот мобилен оператор во Македонија „4IG" ќе ја користи сателитската мрежа „Старлинк“ (Starlink) на милијардерот Илон Маск, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Прташан дали телекомуникациската компанија „4IG" гради своја 5Г-мрежа, Николоски рече дека тие веќе објавиле стратегиска соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои оваа технологија ќе се имплементира директно. За евентуалното посотење ризик Маск да го прекине пристапот како во Украина, министерот рече дека станува збор за чисто комерцијален договор. -Веќе објавија соработка со Старлинк на Илон Маск и надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите држави каде што Старлинк ќе се користи директно, така што мобилната мрежа ќе оди на Старлинк и секако интернет-мрежата. Сега, од она што го знам, изнајмуваат базни станици, а кога ќе заврши тестирањето одат директно на Старлинк, односно на сателитите на Илон Маск, што ќе се согласите е скок за Македонија во оваа голема трка во технологијата. Не мислам дека во комерцијалниот дел тоа би го направил. Таму, објасни мислам и секретарот Рубио, се работи за државен воен дел итн., комерцијалниот дел е нешто сосема друго- рече Николоски. Прашан дали најавените проверки од унгарската влада…
Povezane vijesti

Новиот мобилен оператор во Македонија ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск, најавува вицепремиерот Николоски

Николоски: Изградбата на брзата пруга на терен започнува на пролет
