Николоски очекува победа во вториот круг во Брвеница, најавува поголема мобилизација и излезност

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Стојанчо Радически, да победи во вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница, закажан за 1 ноември. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, Николовски најави поголема мобилизација на гласачите, повисока излезност и очекува поддршка и од други политички партии, вклучително и од СДСМ. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи дека остварил подобар резултат во првиот круг во споредба со минатогодишните локални избори и дека очекува разликата да се зголеми во вториот круг, кога остануваат двајца кандидати. – Убеден сум дека ќе победиме во вториот круг. Вчера покажавме дека имаме поголема поддршка во Брвеница и дека народот е зад нас. Не смееме да го занемариме контекстот во кој се случуваат изборите. За жал, претходниот градоначалник ненадејно почина. Тоа е причината поради која имаме избори. Да бидам отворен, очекував дека другите политички субјекти ќе го испочитуваат тоа. Ние не одиме на избори затоа што некој си поднел оставка или затоа што некој донел таква одлука, туку поради најлошата можна причина на светот – посочи Николоски. Тој посочи дека резултатите во населените места во општината се разликуваат, при што на некои места разликата меѓу кандидатите изнесува околу…


