„СДСМ во Брвеница е декласиран од граѓаните“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва му честита на Стојанчо Радически од коалицијата „Твоја Македонија“ за освоениот број гласови на изборите за градоначалник во Брвеница. Како што рече, СДСМ е декласиран во овој прв круг. - ВМРО-ДПМНЕ е убедливо прва и има огромна победа во првиот круг на изборите за градоначалник во општина Брвеница. Иако пред само неколку дена раководството на СДСМ најавуваше убедлива победа, сепак, СДСМ е декласиран од граѓаните. Ова е важна порака од граѓаните до раководството на СДСМ, истакна Мицкоски на прес-конференција. Според него, денешното гласање е потврда дека граѓаните ги препознаваат и поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Народот, рече, одбира прогрес, единство и исправна борба за иднината. - Владата ќе продолжи да вложува во развојот на општините, со јасни приоритети и уште поголема одговорност, напомена Мицкоски. Како што оцени, со оглед дека на изборите во Брвеница има повеќе кандидати, многу веројатно е дека ќе има втор изборен круг, каде што фаворит е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со освоени околу 3.000 гласа.
Povezane vijesti

4 СПРЕМА 1, ВМРО-ДПМНЕ НАСПРОТИ СДСМ: Убедливо водство на Стојанчо Радичевски, се слави во Брценица (ФОТО+ВИДЕО)

Во Брвеница се слави: Убедливо водство на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Стојанчо Радичевски
