Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, истакна заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување во поткастот „Радар“. Вицепремиерот детално информираше за напредокот на сите автопатски проекти што во моментов се реализираат низ државата. За автопатот Скопје–Блаце, Николоски потсети дека веќе е потпишан Договорот за грант со кој се обезбедени околу 31 милион евра, што претставува околу 15 проценти од вредноста на проектот. Тој посочи дека избран е ГРАНИТ како изведувач, оценувајќи дека ова е позитивен момент за домашната градежна оператива. Осврнувајќи се на автопатот Кичево–Охрид, министерот истакна дека досега се изградени 37 километри, од кои 34 километри веќе се пуштени во сообраќај, а за летово најави и нови делници за сообраќај. Говорејќи за автопатот Гостивар–Букојчани, министерот рече дека градежните работи се одвиваат подобро од очекуваното. -Иако се работи за ултракомплициран терен, немаме проблеми со експропријација ниту со пристап до градилиштето. Од 31 километар, колку што ќе биде долг автопатот, веќе се пробиени 17 километри.Ова е првиот автопат во Македонија што се гради…
Povezane vijesti

Николоски: Автопатот Скопје–Блаце ќе ја поврзе Македонија со пристаништата во регионот и ќе ја забрза економската активност

Николоски: Автопатот Скопје–Блаце ќе ја поврзе државата и бизнисот со пристаништето Бар во Црна Гора и ќе ја забрза економската активност во регионот
