Николоски: Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, напиша утрово вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговата Фејсбук-страница. - На терен се работи сè поинтензивно на изградбата на овој стратешки автопат, дел од Коридорот 10Д, што ќе го поврзе цел регион и ќе отвори нови можности за развој - додава Николоски. Тој истакнува дека со овој автопат, патувањето од Скопје до Атина се намалува за 3 - 3,5 часа. Тоа значи, се нагласува во објавата, многу повеќе бизнис и туристи за цел регион. - Ова е најдолгата поединечна делница - автопат што се гради во Македонија. Нашата цел е веќе следната година, сообраќајот да се одвива по една коловозна лента. Овој автопат ќе значи побезбеден и побрз сообраќај, подобра поврзаност, поголема конкурентност на стопанството и силен поттик за економскиот развој на Пелагонија. Пелагонија е еден од најважните региони во Македонија и затоа инвестираме во модерна инфраструктура, што ќе обезбеди подобар живот за граѓаните и нови перспективи за идните генерации. Ја градиме Македонија - се додава во објавата на Фејсбук. МИА
Povezane vijesti

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија, патот до Атина се намалува за 3 – 3,5 часа

Во 2027 на автопатот Прилеп-Битола ќе се вози по една лента
