Николоски: Бугарија создава вештачка криза околу случајот Михаилова

Случајот со Ива Михајлова се користи за создавање криза во односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на изборите во Бугарија, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека истрагата што се води треба да утврди дали имало пропусти на македонските институции при нејзиното напуштање на земјата. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ, Николоски најави дека јавноста наскоро ќе биде запознаена со резултатите од истрагата. Коментирајќи ги наводите на бугарскиот амбасадор во земјава, Жељаско Радуков, за наводна координација или знаење на македонските власти при нејзиното заминување, тој посочи дека постои синхронизација меѓу ставовите на Софија и опозициската СДСМ. – Имам само една непозната во целата работа, а тоа е дали претставниците на СДСМ и бугарскиот амбасадор разговараат телефонски, се среќаваат лично или одржуваат конференциски разговори за да ги координираат ставовите. Минатата недела кажав дека станува збор за јасна координација на ставовите, што вчера се потврди, имајќи предвид дека тезите што ги изнесува СДСМ во врска со овој случај се исти или многу слични со тезите што ги слушнавме вчера од амбасадорот на Република Бугарија, кој е официјален претставник на Бугарија во државата. Јасно е дека постои координација. Јасно е и дека целта на СДСМ не е…
Povezane vijesti

Николоски: Бугарија со случајот со Ива Михаилова си го руши сопствениот имиџ

Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова
