Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци злоупотребувајќи го случајот со Михаилова

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21, говорејќи за случајот со Ива Михаилова и нејзиниот татко, истакна дека Бугарија може да стане прибежиште за криминалци кои ќе го злоупотребуваат овој случај, односно Бугарија може да стане алиби за осудени криминалци кои би ваделе бугарски пасоши за да најдат таму прибежиште. Премиерот Мицкоски додаде дека Михаилова нелегално ја поминала границата и дека нема никаква вистина во тоа што го кажуваше нејзиниот адвокат, МВР го истражува случајот и за брзо ќе се дојде до одговорите, но тоа што загрижува е координираната акција на македонската опозиција и бугарски медиуми со цел да ѝ наштетат на Владата. -Тие создаваат иста теза, ако забележите, медиумите кои се провладини кај нив и нашата македонска опозиција што имаат заедничко? Заедничка е тезата дека ова било договорено. Добро, еве ако е договорено, сега има меѓународна потерница, ве молам испорачајте ги. Бидејќи имаме меѓународна потерница. Ако не ги испорачаат, тоа значи дека нивната теза не е вистина. Тоа значи дека таа на нелегален начин е однесена во Бугарија, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски посочи дека за овој случај ќе се разговара со меѓународните партнери, затоа што наш партнер од НАТО станува прибежиште на криминалци…
Povezane vijesti

Мицкоски: За случајот со Ива Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ оти Бугарија може да стане прибежиште за криминалци

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат
