Намаз од модар патлиџан и ореви

Фантастичен намаз од печен модар патлиџан и ореви... Состојки: 1 модар патлиџан маслиново масло 3 чешниња лук 100 грама ореви 1/2 китка свеж магдонос 1 лажица сок од лимон 1 лажица цветен мед мелен црн бибер и сол Подготовка: Измијте го и исушете го модриот патлиџан, пресечете го на половина и премачкајте го со маслиново масло. Ставете го во рерна загреана на 220°C и печете го 35 минути. Во текот на последните 15 минути од печењето, завиткајте го лукот во алуминиумска фолија, прелијте го со малку маслиново масло и ставете го во рерната покрај модриот патлиџан. Оставете го печениот модар патлиџан на страна за да се излади. Ставете ги оревите и свежиот магдонос во блендер. Изблендирајте накратко два-три пати, а потоа додадете ги сокот од лимон, медот, печениот лук, внатрешноста на модриот патлиџан (едноставно извадете ја со лажица), солта и биберот. Сè добро изблендирајте.
Povezane vijesti

ВРЕДИ поставува прашања за водоснабдувањето во Гостивар: Каде завршиле 7 милиони евра и дали случајот наликува на канализацијата во Зајаз?

Најавени инспекции на зградите чии кровови одлетаа во невремето, ќе се формираат и комисии за процена на штети
