Најголемите театарски ѕвезди од регионот гостуваат на фестивалот РУТА во Драмски

Драмски театар Скопје од 26 до 31 октомври ќе биде домаќин на петтото издание на меѓународниот театарскиот фестивал Рута. На сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар Скопје во тек на фестивалската недела, македонската публика ќе има можност да проследи шест репрезентативни претстави на театрите од регионот. Во фестивалската програма ќе играат претстави и копродукции од сите членки на Регионалната унија на театри. Београдско драмско позориште од Србија, Камерни театар 55 од Сараево, Босна и Херцеговина. Од Хрватска гостуваат, Казалиште Улисис во копродукција со театарот САРТР од Сараево. Местно гледалишче Љубљана и Центар за култура од Тиват гостуваат со нивни продукции. Драмски театар Скопје, на 31 октомври ќе го затвори годинашното издание на РУТА со изведба на претставата „Љубовта на Федра“. Годинашниот фестивал освен главната програма ја воведува и програмата МоноРУТА на која публиката ќе има можност да проследи четири извонредни монодрами од Србија, Хрватска, Црна Гора и монодрамата на Драмски театар Скопје „Џеки “ во изведба на Трајанка Илиева Вељиќ. Претставите од програмата МоноРУТА ќе се играат на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности со почеток во 17 часот. Фестивалска новина се и одржувањето на три театарски работилници. На работилниците „Менаџмент во културата во националните, државни и градски театри“…


