Националниот џез оркестар со концерт посветен на Сашко Николовски – Четири децении музика и инспирација

На 28 октомври, Националниот џез оркестар ќе приреди јубилеен концерт посветен на 40-годишната уметничка кариера на нашиот драг член, долгогодишен соработник, истакнат тромбонист, аранжер и композитор – Сашко Николовски. Овој концерт претставува омаж на една кариера што зад себе остава длабока трага во современата македонска музичка култура. Публиката ќе има можност да слушне избор од авторските композиции и аранжмани на Сашко Николовски, но и дела од други значајни македонски автори и соработници – Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Гордан Спасовски, Џијан Емин, Иван Петровски и други. Под диригентската палка на Џијан Емин, концертот ќе понуди музичка приказна што ги обединува различните периоди, соработки и влијанија кои ја одбележале четиридецениската кариера на Сашко Николовски. Како еден од најактивните музичари на нашата сцена, Сашко има реализирано безброј концерти во земјава и надвор од неа. Со професионален ангажман во оркестарот на Националната опера и балет сè од 1986 година, тој низ децениите остава длабок печат во бројни состави: како член на Квартетот тромбони, со концерти во Сплит, Омиш, Макарска и Хвар, во оркестарот на МРТВ, бендот на Тоше Проески, Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски Септет и многу други. Како круна на неговото долгогодишно творештво се појавува и неговиот прв авторски проект – албумот „Not…
Povezane vijesti

Националниот џез оркестар организира концерт посветен на 40-годшината кариера на Сашко Николовски

„Камерен музички десерт“ на Симон Трпчевски за македонската публика на 2 и 3 ноември
