klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

„Камерен музички десерт“ на Симон Трпчевски за македонската публика на 2 и 3 ноември

„Камерен музички десерт“ на Симон Трпчевски за македонската публика на 2 и 3 ноември
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·16. 10. 2026. 12:20:55

На 2 и 3 ноември 2026 година Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“. Како што беше кажано на денешната прес-конференција, на програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која, според Трпчески, ќе ја покаже сета широчина, динамика и емоционална моќ на камерната музика. – Сакав да направам еден избор на програма којшто ќе биде за различни сладокуси, иако тоа денеска можеме да кажеме и не е нешто ново, особено според интензитетот на живот во светот. Сакав да и дадам значење на класичната музика заради нејзината најразновидна димензија. Оттаму ќе почнеме со Чајковски, ќе продолжиме во еден прекрасен фјордовски, да го наречам, свет на Едвард Григ, норвешкиот композитор, во два различни негови периоди, кој цел живот бил инспириран од народната музика, од норвешкиот фолклор. Потоа ќе продолжиме со еден да кажам, полесен пристап дсо композиција на Дмитриј Шостакович за завршување на првиот дел, рече Трпчески на прес-конференцијата. Појасни дека вториот дел од концертот ќе почне со еден, како што истакна, сериозен период на германскиот композитор Јоханес Брамс, којшто, прелично е тесно врзан…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti