Нацева на состанок во ЗЕЛС на тема ,,Улогата на локалните власти во спроведувањето и следењето на реформската агенда

Градоначалничката на Неготино Марија Нацева денеска учествувала на работилницата на ЗЕЛС на која се разгледувале можностите како општините повеќе да бидат вметнати во Реформската агенда која ја спроведува Владата. -Ова од причина што во постојната агенда има малку активности поврзани со локалните самоуправи споредбено со другите земји од регионот, па токму затоа ги разгледавме можностите за вклучување на општините со повеќе активности - наведе Нацева на Фејсбук. [facebook_post url="https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid031LrivVzhwfvynQfNj8Wpcyx8qfHqgZpV4dZ1zyk9YgcyHpydJx3o8njEWk3FpdKnl&id=61580157792908"] Таа информираше дека ги разгледале можностите за вклучување на општините со повеќе активности. -Една од целите на состанокот беше и да се идентификуваат финансиските, институционалните, кадровските и техничките услови што влијаат на врз капацитетот на општините за ефективно спроведување на реформите и одржливо обезбедување на локалните услуги - појасни Нацева.
Povezane vijesti

Чучер Сандево првпат ги собра компаниите на заедничка маса: Бизнис-заедницата ги изнесе проблемите и барањата
