klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

На дијаспората мора да ѝ се овозможи да гласа електронски или по пошта!

На дијаспората мора да ѝ се овозможи да гласа електронски или по пошта!
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·10. 07. 2026. 07:51:54

Македонија има чуден однос кон своите иселеници и кон луѓето коишто заминале и заминуваат во светот по потрага по подобар живот, со намера еден убав ден да се вратат ако се создадат можности за тоа. Од една страна, од овие луѓе се бара да демонстрираат љубов и лојалност кон татковината, да инвестираат во своите родни краишта, да им испраќаат пари и помош на своите семејства, а понекогаш да мислат и на својата „национална кауза”. Од друга страна, кога доаѓа време граѓаните да изберат кој ќе ја води државата, Македонија на својата дијаспора ѝ поставува безброј административни и физички пречки, што ги обесхрабруваат иселениците да учествуваат во изборниот процес, пишува Бранко Героски за ПЛУСИНФО. Македонскиот изборен модел е рестриктивен во практична, иако не нужно и во правна смисла. Иселеникот има право да гласа, но гласањето е врзано за регистрација и за физичко појавување на определено гласачко место во дипломатско-конзуларните претставништва. За човек што живее, на пример, стотици километри од најблискиот конзулат, тоа право може да биде и скапо и тешко остварливо. Зачудува тоа што има луѓе во македонската политика и во општата јавност кои не чувствуваат ниту морална обврска да поддржат системски решенија што ќе им олеснат на македонските иселеници да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti