klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа, имаме три години со процесот на дигитализација тоа да го овозможиме

Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа, имаме три години со процесот на дигитализација тоа да го овозможиме
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·10. 07. 2026. 19:09:14

Многу е важно да ѝ се дозволи на дијаспората да гласа. Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки. Имаме доволно време за три години со напредокот на дигитализацијата, со нашата работа, да тестираме вакви можности за да го овозможиме ова право за нашата дијаспора - изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски при денешниот престој во Прилеп и промоцијата на Центарот за дигитални услуги. Андоновски одговори на прашањето за можноста дијаспората електронски да гласа и колку реално Македонија е подготвена системски зашто опозицијата обвинува за можни манипулации. Според него, дијаспората треба да гласа зашто вложува во земјата, ја поддржува македонската економија. - Ова се луѓе што во Македонија годишно носат над една милијарда во дознаки, што значи дека ја поддржуваат македонската економија, ги поддржуваат своите сограѓани што живеат тука, дел од своите семејства, пријатели, отворааат сопствени бизниси. Имаме голема дијаспора, која има македонски пасоши и живее во странство и не е фер и не е остварување на уставното право да им се дозволи да гласаат исклучиво физички, а да патуваат по 5.000 или по 10.000 километри за да го остварат своето право на глас, и тоа двапати. Еднаш да се регистрираат, а вториот пат…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti