klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Мурињо: Да бев Винисиус ќе инсистирав да си заминам од Реал

Мурињо: Да бев Винисиус ќе инсистирав да си заминам од Реал
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·18. 10. 2026. 06:20:00

Жозе Мурињо во далеку попозитивно расположение се врати во Мадрид од Рим, особено кога се знае дека неговиот Реал направи чудесен пресврт и се избори за драматична победа во завршницата од мечот со Рома. Новиот ќе биде првиот од четирите кои нема да ги игра Винисиус Жуниор во Ла Лига поради суспензијата која ја доби од дисциплинското тело, а говорејќи на оваа тема, Жозе нагласи дека е задоволен од казната, бидејќи самиот тој очекувал и повеќе. - За Вини сега следи пауза во Ла Лига, што значи дека тој ќе мора напорно да тренира, додека другите играат на секој натпревар. Без да дадам било какви ветувања, очекувам Винисиус да биде во стартниот тим на натпреварот кој го играме во среда во Лигата на шампиони. Што се однесува до суспензијата од четири натпревари, всушност сум задоволен. Да бидам искрен, мислев дека казната може да биде и построга. Се сомневав дека оние што не демнат од сенка можеби ќе се обидат да додадат уште еден или два натпревари суспензија. Подобро да застанам со коментирање тука на оваа тема, – изјави Мурињо, јасно алудирајќи дека некој од Федерацијата и Ла Лига упорно носи одлуки против Бразилецот. - Тој е извонреден млад човек и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti