Sport Sjeverna Makedonija
Мундијалот одложи неколку натпревари од Ла Лига

Kurir.mk·Максим Крстески·11. 07. 2026. 17:38:38
Стартот на шпанското првенство е закажано за 15.август, но јасно е дека половина од натпреварите од првото коло ќе бидат одложени и ќе се играат во други термини. Причината е тоа што голем број фудбалери настапуваат на Светското првенство и по завршувањето на Мундијалот имаат право на три неделна пауза пред да се вратат на клупските обврски. Сигурно ќе бидат одложени натпреварите: Барселона – Атлетик Билбао, Реал Мадрид – Реал Сосиедад, Селта – Осасуна и Атлетико Мадрид – Малага. Во зависност од исходот на дуелот Аргентина – Швајцарија можно е одложување и на дуелот Валенсија – Реал Бетис или Севиља – Рајо Ваљекано. Можно е во првото коло да бидат одиграни пет натпревари.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


