Муцунски во Анкара се сретна со шефот на дипломатијата на Холандија, Том Берендсен

На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денес учествува на Самитот на НАТО во Анкара каде денеска на маргините на Самитот на НАТО во Анкара, се сретна со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. На маргините на Самитот, министерот Муцунски утрово оствари средба со Том Берендсен, министер за надворешни работи на Холандија. На средбата се разговараше за билатералните односи, регионалните и европските прашања, како и за партнерството во рамки на Алијансата. Тимчо Муцунски е дел од државната делагација предводена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која учествува на 36. Самит на НАТО во Анкара. Главни теми на самитот, на кој се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата, се зајакнувањето на колективната одбрана, инвестициите во одбранбените капацитети, реализацијата на одлуките донесени на минатогодишниот Самит во Хаг во однос на потребата за издвојување доволни средства за одбраната, споделувањето на товарот, поддршката за Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и актуелните регионални безбедносни предизвици.
Povezane vijesti

Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година

Менаџерски договор наместо вработување за директорите во осигурителните фирми
