Муцунски: Нашето пријателство, партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска упати честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. -Искрени честитки до Соединетите Американски Држави и до американскиот народ по повод 250-годишнината од независноста. Нашето пријателство, стратешко партнерство и сојузништво продолжуваат да се зацврстуваат врз основа на споделени вредности и меѓусебна доверба - истакна Муцунски во честитката објавена на Фејсбук. Муцунски потенцира дека како сојузници во НАТО, остануваме посветени на продлабочување на соработката во одбраната, безбедноста, енергетиката, трговијата и инвестициите. -Уверен сум дека ова партнерство ќе продолжи да се развива и во годините пред нас - додаде шефот на дипломатијата.
Povezane vijesti

Муцунски со честитка до САД: Продолжува нашето пријателство и партнерство

Муцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор, но процесот мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности
