Муцунски: Европскиот пат останува наш стратешки избор, но процесот мора да биде кредибилен и заснован на европски вредности

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија порача дека владата останува целосно посветена на европската интеграција, но дека процесот на проширување мора да биде кредибилен, предвидлив и заснован на објективни критериуми, а не на билатерални условувања. Осврнувајќи се на процесот на пристапување кон Европската Унија, Муцунски истакна дека објективната реалност е дека државата по прашањето на отворањето на преговорите не стои во место четири, туку петнаесет години, потсетувајќи дека Европската комисија уште во 2011 година оценила дека државата ги исполнува условите за почеток на пристапните преговори. -Нашата цел не е само да ги отпочнеме преговорите, туку тие да бидат успешни и во разумен рок да завршат со полноправно членство. Затоа сме должни да спречиме создавање нови пречки и нови билатерални условувања уште на самиот почеток на процесот, истакна Муцунски. Тој нагласи дека отворањето на преговорите не зависи само од уставните измени, туку и од исполнување на сите предуслови, вклучително и усвојувањето на Акцискиот план за малцинства, оценувајќи дека во јавноста често погрешно се создава впечаток дека станува збор само за едно прашање. Во однос на економските придобивки, министерот посочи дека земјите кои веќе преговараат со Европската Унија во…
Povezane vijesti

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
