Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Русија смета дека е прерано да се коментираат извештаите дека САД и Украина разговараат за евентуален прекин на воздушните напади како дел од напорите за завршување на војната, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Неговиот коментар следува по изјавата на украински функционер за Ројтерс дека претставници од Киев и Вашингтон разговараат за предлог што би и бил презентиран на Русија за прекин на воздушните напади како дел од новиот обид за оживување на мировните преговори насочени кон завршување на војната во Украина, која започна во 2022 година. Украинскиот функционер вели дека неговата земја претходно му доставила предлози за прекин на огнот на рускиот претседател Владимир Путин, кои биле одбиени. Сепак, Киев и неговите западни сојузници веруваат дека притисокот врз руската економија предизвикан од тековните украински напади со беспилотни летала и ракети можеби го омекнал ставот на Москва. - Не знаеме колку се веродостојни овие информации и од каде доаѓаат. Ова се извештаи од весници, ништо повеќе. Затоа е прерано да се коментираат во оваа фаза, изјави Песков, цитиран од новинската агенција Интерфакс. Тој додаде дека одговорот на Русија на која било нова мировна иницијатива ќе зависи од тоа дали е во согласност со интересите на Москва. - Слушнавме изјави…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu
