klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

ММФ очекува раст на светската економија од три отсто во 2026 и 3,4 отсто во 2027 година

ММФ очекува раст на светската економија од три отсто во 2026 и 3,4 отсто во 2027 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 19:56:02

Глобалната економија ќе порасне за три отсто во 2026 година и за 3,4 отсто во 2027 година, се наведува во денеска објавените ажурирани Светски економски изгледи (WEO) на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Новата кумулативна прогноза за следните две години е речиси непроменета во споредба со проекциите од Светските економски изгледи од април 2026 година, се додава во извештајот. Растот ќе биде помал од просечните 3,5 проценти забележани во периодот од 2024 до 2025 година, напоменува Фондот. Успорувањето поради последиците од војната на Блискиот Исток е делумно компензирано со забрзаниот замав во глобалниот технолошки циклус, воден од побарувачката благодарение на напредокот во вештачката интелигенција (ВИ) и нејзиното усвојување, се вели во анализата. Еврозоната ја очекува раст од 0,9 отсто во 2026 година и 1,2 отсто во 2027 година, а Соединетите Американски Држави од 2,3 отсто во 2026 година и 2,2 отсто во 2027 година. Кинеската економија ќе порасне за 4,6 отсто во 2026 година и за 4,1 отсто во 2027 година, додека економијата на Индија ќе забележи раст од 6,4 отсто во 2026 година и 6,7 отсто во 2027 година. Се очекува глобалната инфлација да порасне од 4,1 отсто во 2025 година на 4,7 отсто во 2026 година, пред да падне…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti