klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Прогноза на ММФ: Македонија во периодот 2027-2031 ќе биде СЕДМА НАЈБРЗО РАСТЕЧКА ЕКОНОМИЈА ВО ЕВРОПА

Прогноза на ММФ: Македонија во периодот 2027-2031 ќе биде СЕДМА НАЈБРЗО РАСТЕЧКА ЕКОНОМИЈА ВО ЕВРОПА
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·07. 07. 2026. 10:21:07

Според последната прогноза на ММФ за раст на европската економија, Македонија се најде на седмото место на најбрзо рaстечки економии на стариот континент. Во него се вклучени сите земји во Европа, не само членките на ЕУ, пренесе еминентната EURONEWS. Со просечен раст од над 3% во периодот од 2027-та до 2031-та Македонија го зазема седмото место, далеку над 1,2% раст кој е просек за најголемите ЕУ економии. Прогнозата за Германија е 0,92%. Македонија е една од ретките земји кои според процентот го следат светкиот тренд на раст, диктиран од мега-економиитена Кина, Индија и останатите светски економии. Малта е на првата позиција според предвидениот раст, а во првата ДЕСЕТКА предничат земјите од т.н. Западен Балкан. Според прогнозата на ММФ, се очекува високиот јавен долг, стареењето на населението, слабата продуктивност, долготрајните трошоци за енергија и постојаната геополитичка неизвесност да го одржат растот на водечките земји во Европа далеку под историските норми во остатокот од деценијата. Според најновите светски економски перспективи на Меѓународниот монетарен фонд, се предвидува дека еврозоната ќе се прошири за само 1,2% годишно во просек помеѓу 2027 и 2031 година, при што нејзината најсилна година, 2028 година, ќе достигне само 1,4%. Пошироката Европска Унија се справува малку подобро со 1,4%…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti