klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Мисајловски во 14 часот: Реформа во Армијата, трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години

Мисајловски во 14 часот: Реформа во Армијата, трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·20. 10. 2026. 10:55:03

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во 14 часот ќе одржи прес-конференција на која ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и претставници на синдикалните здруженија во одбраната. На прес конференцијата министерот Мисајловски ќе информира за одлуката на Владата за спроведување на реформа во Армијата, со која трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и трансформација на работниот однос од определено на неопределено време. Во рамки на прес конференцијата изјава ќе даде и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti