klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мисајловски: Нов колективен договор, повисоки плати, нова опрема и модернизација на Армијата

Мисајловски: Нов колективен договор, повисоки плати, нова опрема и модернизација на Армијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 11:41:07

Зголемување на платите во Армијата и Министерството за одбрана од 1 јануари, нов колективен договор и решение со кое ќе се реши статусот на професионалните војници по навршувањето на 45 години, нова опрема, модернизација, исплатени обврски - најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, обраќајќи се на свеченоста на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“. Министерот, заблагодарувајќи ѝ се за поддршката на претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова и на Генералштабот на Армијата, најави решенија кои се важни за припадниците на Армијата. -Почитувана претседателке, сакам лично да ви се заблагодарам за вашиот труд вашата посветеност, смелост, храброст и она што секогаш знаете да се јавите да прашате за состојбите и секогаш да ни дадете поттик за она што го работиме. Последниот наш разговор и сакам тоа да биди една убава вест за сите вас, разговаравме и за реформите што треба ги донесат сакаме лично да се заблагодарам на началникот на Генералштабот, на луѓето што се од неговиот тим, на луѓето што се во директоратите, на луѓето во секциите, бидејќи напорно работат. Сакам да ве информирам дека од кога сум министер имаме тужби од 2019-2020 досега, кои се исплатени преку 26 милиони евра додека јас сум…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti