klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството

Мисајловски: SEEBRIG – Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·15. 07. 2026. 10:40:05

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ присуствуваше на церемонија за затворање на Командата на Бригата на Југоисточна Европа во Македонија. -Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) - Шест години достигнувања, зајакната доверба и партнерството. Денеска заврши едно успешно поглавје за SEEBRIG, во кое Македонија беше домаќин на Командата на оваа значајна регионална иницијатива, каде уште еднаш покажавме дека сме кредибилен, сигурен и активен партнер, подготвен да преземе одговорност и конкретно да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка, изградена врз вредностите кои сите ние ги споделуваме е потврда дека оваа соработка е практичен и ефикасен инструмент за зајакнување на колективната безбедност. Нашата соработка продолжува од нејзината нова локација во Истанбул, Република Турција, вели Мисајловски. Министерот изрази благодарност до сите команданти и припадници на Командата кои служеа овде во Куманово, за нивната посветеност и придонес во исполнување на мисијата.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti