Мисајловски: Прилепската касарна доби нов хангар, продолжуваат инвестициите во армиската инфраструктура

Прилепската касарна „Мирче Ацев“ доби нов хангар со површина од околу 14.000 квадратни метри за складирање и заштита на армиската опрема, со што се исполнети потребните стандарди за нејзино чување, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешната посета на касарната. Мисајловски, кој беше придружуван од командантот на 1. Пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, изврши увид во новиот објект и посочи дека досегашната настрешница не ги задоволувала потребите за заштита на опремата. -Направивме хангар каде ќе биде сместена опремата од различни видови. Стигнаа сите возила, сите страјкери и хаубиците, а со ваквите инвестиции опремата ќе биде целосно заштитена- изјави Мисајловски. Инвестицијата во новиот хангар изнесува 10,5 милиони денари. Министерот нагласи дека во тек е интензивен процес на подобрување на условите во сите армиски касарни, при што во различни проекти се вложуваат околу 850 илјади евра. Досега, како што рече, се завршени повеќе од 20 проекти.. Според Мисајловски, постепено се подобруваат условите во Армијата. Мисајловски информираше и дека се работи на нов колективен договор за припадниците на Армијата, како и на законски решенија со кои ќе им се овозможи на војниците што навршуваат 45 години да останат во Министерството за одбрана и Армијата. Тој најави и нови проекти, меѓу кои…
Povezane vijesti

Sve više ljudi vraća se u BiH: Bračni par Stanić vratio se u Kreševo i pokrenuo siranu

Македонскиот рубин и природното богатство на Македонија добиваат нова поддршка – потпишан Меморандум за промоција на геонаследството
