Миланов: Граѓаните јадат безбедна храна, се планира двојно зголемување на казните за несовесните оператори

Македонските граѓани јадат безбедна храна, тврди директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов. Како што изјави денеска, пред настанот по повод Светскиот ден на храната, казните за несовесните оператори се ниски и со законските измени кои веќе се изготвуваат, е предвидено да бидат двојно зголемени. Според Миланов, АХВ вчера заплени два тона небезбедна храна, а денеска уште шест, по извршените вонредни надзори по пазарите. Во однос на месните и млечните производи кои во текот на летото беа предмет на инспекциски контроли, анализите, информира Миланов, покажале дека се работи за безбедна, квалитетна храна, но со грешки во декларациите. Директорот уште еднаш апелира до потрошувачите, да внимаваат што и каде купуваат. Посебно да ги гледаат рокот на употреба, нутритивната табела и органолептичките својства на производите. Прашан за вратените пратки на македонско овошје и зеленчук од некои од земјите во регионот, напомена дека, согласно анализите, биле сосема во ред, со негативни наоди. -Чудно е зошто се враќат, но секоја држава си го штити својот пазар, својот производ. Ова не е прв пат, имавме од Хрвaтска, Бугарија, Србија,... Ние веќе одржавме средби на високо институционално ниво и со стопанските комори. Договорено е да бидеме поригорозни во однос на увозот и извозот…
Povezane vijesti

Казните се мали, веќе се работи на законот за прекршоци, вели Миланов од АХВ

Миланов: Граѓаните јадат безбедна храна, се подготвуваат двојно повисоки глоби за несовесните оператори
