Мицкоски: За жал се уште немаме владеење на правото, не сум задоволен од правосудството, очекувам расветлување на сите афери

Мојот став е дека систематски владеењето на правото е проблем во перцепцијата на граѓаните, затоа што во суштина и немаме владеење на правото, туку имаме мешетарење во правото, за жал, вели Христијан Мицкоски претседателот на Владата во интервју на Македонската телевизија по повод две години од мандатот на влада. Премиерот Мицкоски нагласи дека не е задоволен од правосудството, посочувајќи дека очекува расветлување на сите афери за што рече дека само на тој начин може граѓаните да размислуваат за промена на перцепцијата на довербата во судските органи. Три работи кои што се случиле во минатото создале таков проблем кој што оставил девастирачки последици на правосудниот систем и мислам дека уште некое време тоа ќе го чувствуваме. Првиот е оној период кога тогашната најголема опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ беше најголема опозициска партија вонпарламентарна, после изборите во 94тата година или оној познат избор на судии кој се случи во тој период на таа влада 94-98 година. Тоа беше еден целосен процес на партизирање на правосудството од страна на тогашната влада. Вториот проблем за кој ние мораме да сме свесни и да кажеме дека е имплант во правосудниот систем тоа е СЈО и сите оние состојби кои што му претходеа а потоа следеа. Му претходеа…


