Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по новиот скок на нафтата на берзите, анализата во тек

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ја следат состојбата по новиот скок на цената на нафтата на светките берзи. -Како Влада донесовме мерка за намалување на дел од акцизите, за бензините и дизелот. За жал цената на берзите раст, денеска повторно се доближува до психолошката граница за 100 долари за барел. Воените дејства во Заливот се интензивираат, повторно очигледно не' очекуваат предизвикувачки денови. Се разбира, како Влада ќе интервенираме со дополнителни мерки кои ги анализираме. Имаме основ, прогласивме кризна состојба на целата територија на државата. Веќе ги имаме сите правни механизми за да превземеме чекори, изјави премиерот. Намалување на ДДВ-то е една од опциите кои и стојат на располагање на Владата, потврди Мицкоски. -Тоа е можеби најмалку посакувана опција. Сите денеска зборуваат за расходите на буџетот, а никој не зборува за приходите. Намалувањето на ДДВ-то би било директно на приходите, но нас ни е важен стандардот на граѓаните и како Влада секогаш кога е потребно ќе излеземе во пресрет на граѓаните, посочи премиерот.
Povezane vijesti
Administrativni odbor nije izabrao članove CIK-a, Komisija traži da iniciraju izmjene zakona

Njemački ministar: Višestepeni sistem i pridruženo članstvo kao novi putevi za proširenje EU
