Изработена првата национална Водородна студија – државата се позиционира на идната европска водородна мрежа

Студијата е изработена со техничка помош финансирана од Европската Унија преку IPA II програмата, во рамки на Western Balkans Investment Framework (WBIF) и Infrastructure Project Facility 10 (IPF10), како дел од проектот за гасно поврзување меѓу Македонија и Србија. Ова е прв национален документ кој на сеопфатен начин ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород, како еден од клучните енергенси на иднината, во енергетиката, индустријата, транспортот и системите за централно греење. Студијата потврдува дека Македонија располага со реален потенцијал постепено да развива водородна економија и да стане активен дел од идната европска водородна инфраструктура. Во документот е нагласено дека државата, заедно со Србија и Грција, има стратешка позиција во рамките на Паневропската водородна мрежа и European Hydrogen Backbone, идната европска мрежа за прекуграничен транспорт на чист водород. Особено значајно е што новата гасна интерконекција со Грција, чија изградба е во тек, е проектирана за транспорт на 100% водород. Дополнително, согласно тендерската документација за избор на проектант и изведувач на идната гасна интерконекција со Србија, предвидено е и таа да биде целосно подготвена за транспорт на 100% водород. На овој начин, двете интерконекции ќе претставуваат клучни сегменти на идниот национален водороден ’рбет и ќе придонесат за…


