klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Продолжуваме со политиката за најниски цени на горивата за да го заштитиме стандардот на граѓаните

Мицкоски: Продолжуваме со политиката за најниски цени на горивата за да го заштитиме стандардот на граѓаните
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Љупчо Цветановски·19. 10. 2026. 11:02:24

Владата денеска има седница и продолжуваат преговорите со снабдувачот ОКТА за дополнителен попуст, најави денеска од општина Чешиново-Облешево претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој даде одговор на прашањето дали ќе продолжат мерките за поевтина нафта по 20 октомври. Премиерот Мицкоски рече дека се блиску до постигнување договор за намалување на цената на дизелот. - Денеска имаме владина седница и продолжуваат преговорите со снабдувачот ОКТА за дополнителен попуст. Мислам дека сме блиску до постигнување решение за дополнителни два денари по литар да имаме барем кај дизелот- намалување на цената-изјави Мицкоски. Тој истакна дека како Влада ќе продолжат со истата политика за цената на горивата. - Кај нас влијаат тековите кои што се на светските берзи. Но, факт е дека Владата, за разлика од сите влади во Европа, најмалку зафаќа во делот на данокот на додадена вредност и акцизата и затоа денес граѓаните имаат најниски цени во Европа кога станува збор за дизел горивото и безоловниот. Веќе имаме држави во Европа каде што дизел горивото и безоловниот се продаваат над 3 евра, 3,2, 3,3 па дури и 3,5 евра по литар, а кај нас и дизел горивото и безоловниот 95 октански се под 1,6 евроценти за литар и е најниска цена во…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti