klik.world
Biznis Sjeverna Makedonija

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, потврди Мицкоски

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, потврди Мицкоски
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·16. 10. 2026. 10:02:03

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а Владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари - изјави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски. - Приоритет на оваа влада е да ја одржи енергетската стабилност. Ние тоа го правиме во услови на најголема енергетска криза во светот која што човештвото ја памети. Секаде во регионот и во Европа цените на енергенсите пробиваат рекорди. Веќе имаме држави во Европа каде што цената на дизелот и безоловниот е поголема од 3 евра по литар. Ние сè уште сме под 1,6 евра по литар, благодарение на политиките на Владата. Во таа насока планираме да продолжиме и кога станува збор за електрична енергија. Се бориме и она кое што е наш приоритет да остане цената иста, да нема зголемување. Тоа впрочем го правиме во три регулаторни периоди. АД ЕСМ не е единствена којшто бара нивелирање на цени, тука се уште неколку компании, тука е операторот, тука е дистрибутерот, тоа е приватна компанија ЕВН. Можеби треба и нив да ги прашате како тие ќе се однесуваат - изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто. Премиерот не се согласува со ставот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti