klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски од Кисела Вода: Продолжуваме со реализација на проекти кои значат поквалитетен живот за сите граѓани

Мицкоски од Кисела Вода: Продолжуваме со реализација на проекти кои значат поквалитетен живот за сите граѓани
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·01. 07. 2026. 09:41:29

Би сакал да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува, истакна премиерот Христијан Мицкоски на увидот во градежните работи на проектите од унгарскиот кредит, и тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото. „Би сакал да и честитам на градоначалничката, на советниците, на администрацијата коишто се од Кисела Вода, на сите коишто беа вклучени во организирањето на овој проект. Проектот како што заменик-министерката во МЖСПП веќе кажа е обезбеден со средства од страна на Владата и понатаму продолжуваме да финансираме проекти коишто се од значење за граѓаните во периодот којшто следи. Исто така сакам да се заблагодарам на Министерството за животна среда и просторно планирање, на министерот, на заменик-министерката и на сите коишто се…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti