Мицкоски од Гази Баба: Пуштена е во употреба новата детска градинка „Пролет“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Трубарево. Првите 6-7 години во животот се секогаш најзначајни, и тие не пратат до крајот на животот. Вредностите коишто во првите 6-7 години ќе ги стекнете, вредностите со коишто ќе другарувате и ќе ги споделувате, тие вредности понатаму најверојатно ќе ве пратат до крајот на вашиот живот. Така што, јас пред сѐ би сакал да им посакам на нив многу нови другарства, многу знаење, коешто понатаму во животот, живот ќе им значи, рече Мицкоски. -Истовремено би сакал тука исто така да ги потенцирам квалитетот на живот на родителите, коишто сега имајќи ги овие објекти на располагање, ќе знаат дека нивните дечиња се во сигурни раце. Дека се во сигурни раце кај воспитувачите, кај оние коишто ќе се грижат за нивното образование и за…


