Мицкоски не потврди дали Димовски ќе биде секретар за добро владеење, за кого смета дека бил обвинет од СЈО кое било контролирано од СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не потврди дали Димитар Димовски, обвинет и ослободен од вина во предмети на обвинителствата, ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет. „Прво, јас никаде не кажав кој ќе биде тој што ќе го управува делот за добро владеење. Реков дека, како што ќе имаме секретар кој врши мониторинг на реализацијата на програмата на Владата, ќе имаме и секретар за добро владеење. Нема да биде истото лице“, рече Мицкоски. Во однос на Димитар Димовски, премиерот посочи дека својот став за него веќе го кажувал во минатото и не сака повторно да го коментира. „Димитар Димовски, како и десетици и стотици луѓе од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ кои беа дел од политичка хајка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, кои СЈО го користеа како политичка алатка, сум го коментирал многупати во минатото и нема да го коментирам“, изјави Мицкоски. Димовски во моментов е дел од Кабинетот на премиерот на позицијата „секретар за јавни политики, координација и следење на реализацијата на програмата на Владата“. Неговото име претходно е впишано како обвинет во предметите на Обвинителството за гонење организиран криминал и…
Povezane vijesti

Мицкоски не открива кој ќе биде секретар за добро владеење, за Димовски вели дека е жртва на политичка хајка

Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис-партнер Димовски во ресорот добро владеење, велат од СДСМ
