Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа

Оваа реконструкција на Владата означува почеток на нова фаза по изминати две години, од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти. Сега следува период, во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните. Нова енергија за ново забрзување, истакна премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на ИК на партијата. Посочи дека секој функционер мора да биде достапен, одговорен и целосно посветен на работата. Тоа останува принцип од кој нема отстапување. Граѓаните очекуваат темпо, дисциплина и резултати, а токму тоа ќе биде обврска на секој член на Владата. -ВМРО-ДПМНЕ во продолжение од функционирањето на оваа Влада ќе го раководи ресорот Министерство за социјална политика, демографија и млади, и таму нов министер во ресорот социјална политика, демографија и млади ќе биде досегашниот заменик министер, а тоа е Ѓоко Велковски. Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го води ресорот здравство и таму нов министер ќе биде Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување. На негово место доаѓа досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, а нов министер за локална самоуправа ќе биде господинот Иван Стоилковиќ. Министер без ресор, задолжен за…
Povezane vijesti

Мицкоски ја претстави реконструираната Влада, вети нова енергија за конкретни резултати од проектите

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата е со цел да има нова енергија за нов импулс, за уште повеќе работа
