klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Мицкоски: Менталитетот на луѓето кои треба да обезбедат владеење на правото не смее да остане заробен во личните интереси

Мицкоски: Менталитетот на луѓето кои треба да обезбедат владеење на правото не смее да остане заробен во личните интереси
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·25. 06. 2026. 21:05:19

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата прави се што е во рамки на нејзината надлежност за да се открие и казни корупцијата, но, посочува оти таа не е таа што треба да суди и пресудува, туку да спроведе истрага и случајот да го поткрепи со докази, а потоа се е во рамките на судската власт. Смета дека ако менталитетот на луѓето кои треба да обезбедат владеење на правото остане заробен во личните интереси, тогаш тешко ќе оди овој процес. -Ние не можеме да судиме и никогаш не сме ветиле дека ние ќе судиме. Ние само сме ветувале и ветуваме и до ден-денес тоа го работиме, а сега ќе ви дадам и неколку примери, во коишто ние можеме да покренеме истрага, таа истрага да ја поткрепиме со докази. Од тој момент па натаму се е во рацете на судот, а не на Владата, рече Мицкоски во Отвореното студио на МРТ на прашање од присутвите новинари за тоа кога јавноста ќе дочека конкретна одговорност за високи функционери кои извршиле кривични дела. Владата, потенцира тој, едноставно може само да почне процес. Процесот потоа, како што нагласи Мицкоски, се води пред суд, којшто по дефиниција е независен. -На крајот од процесот одлука носи суд…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti