Мицкоски: Македонија со најниска инфлација во регионот – имаме план и резерви за секој предизвик

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на движењето на инфлацијата во државата и споредба со другите држави, изјави: „Живееме во прилично предизвикувачко време. Имаме две војни, коишто се случуваат, озбилни војни. Еве од последните информации коишто ги добивам, војната во Заливот повторно почнува да разгорува, војната во Украина. Она коешто за нас претставува предизвик, а тоа е да имаме навремено снабдување и доволно снабдување на граѓаните и бизнисот со енергенси. Претпоставуваме дека битолчани се сведоци, како дел од соседите доаѓаат тука и ги користат потенцијалите на бензинските пумпи коишто се во околината на Битола или во Битола за да ги наполнат своите резервоари со гориво. Што значи дека ние обезбедуваме и за нив, не само за нашите потреби. Статистички имаме најниска цена и убедливо најниска цена. Некој ќе рече, ама нашата плата колкава е, колкава е цената на бензините и на дизелот. Да, така е, но тоа е берзански производ. Тоа не зависи од претприемачка логика, тоа не зависи од политики на Владата, тоа е берзански производ и сите од иста берза купуваме. Процесот е како го менаџираме од тој момент, додека го користат граѓаните. И така било со децении наназад…


