Мицкоски: Двата гасоводни интерконектори драматично ќе го зголемат геостратешкото значење на Македонија

Со изградбата на двата гасоводни интерконектори, со северниот и јужниот сосед, драматично ќе се зголеми геостратешкото значење на Македонија, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека едниот очекува да биде пуштен во употреба до крајот на првата половина идната година, додека другиот до крајот на 2028 година. Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на ново основно училиште во Ченто, тој нагласи дека двата гасовода ќе значат можност за инвеститори кои би сакале да инвестираат во производствени капацитети на електрична енергија, а го користат гасот како погонско гориво, како и можност при реконструкција и модернизација на термоелектраните што користат јаглен како погонско гориво да направат конверзија на гас. - Во овој момент како никогаш досега се градат два гасоводни интерконектори, едниот со нашиот јужен сосед, другиот со нашиот северен сосед. Едниот очекувам да биде синхронизиран и пуштен во употреба до крајот на првата половина од следната година, а другиот до крајот на 2028 година да биде целосно синхронизиран. Со тоа драматично ќе се зголеми геостратешкото значење на Македонија како земја, а од друга страна овие два гасовода ќе значат можност за инвеститори коишто би сакале да инвестираат во производствени капацитети на електрична енергија коишто го користат гасот како погонско гориво, но…
Povezane vijesti

ДВА ГАСОВОДА, ЕЛЕКТРАНИ И БРЗА ПРУГА - Инфраструктурна револуција во Македонија

Мицкоски: Имаме историска одговорност да покажеме дека може да ја кренеме државата повисоко од кога било досега
