Мицевски: Економската стабилност е резултат на правилни политики и конкретни мерки

На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме решенија, визија и реформи, од спротивната страна гледаме само безидејност и страв. Додека минатите влади не убедуваа дека инфлацијата е увезена и дека ништо не може да се стори, оваа Влада со паметни економски чекори и мерки ја стабилизираше состојбата. Годишната инфлација за месец јуни во Македонија изнесува стабилни 3,4%, но она што е посебен и суштински успех на економијата и економските политики е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалоци е спуштена на 2,5%, а кај облеката и обувките на 2,1%. Вкупниот процент на годишната инфлација во јуни е вештачки зголемена од растот на цените кај алкохолните пијалоци и тутунот коишто бележат раст од 9,3% како и транспортот од 6,2%“, рече Мицевски и додаде: „За да видиме каде се наоѓа Македонија денес со 3,4% доволно е да ги погледнеме регионот и поширокото опкружување на нашите земји и соседи. Во месец…


