Мицевска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите, зеленилото и новите училишта во Центар?

Денес се наоѓаме зад Универзална сала, каде што повторно ги поставуваме прашањата што ги засегаат сите жители на Центар, изјави Тамара Мицевска, член на ГК на ВМРО-ДПМНЕ. „Каде се паркинг-местата? Каде се новите зелени површини? Каде се новите училишта и подобрите услови за живот што им беа ветувани на граѓаните? Господине Горан Бетон Герасимовски, по пет години на чело на Општина Центар, граѓаните заслужуваат конкретен одговор: колку нови училишта изградивте, колку нови паркинг-места обезбедивте и колку нови зелени површини уредивте“, праша Мицевска. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=6uVMwrlMmbw[/embed] Во изјавата потенцира дека во интервју на 18.11.2025 истакнавте дека во следните четири години ќе се заложите за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини. „На 22.09.2025 го претставивте тимот од Комисија за урбанизам и изјавивте дека приоритет ви е зеленило, јавните простори и решавањето на проблемите со паркирањето, а да не ја заборавиме и вашата изборна програма 2025–2029: Ветивте зелена трансформација со микропаркови во сите делови на општината, нови дрвја и зелени коридори. Денеска 19.10.2026 кога маските ви паднаа видовме дека не ви е до граѓаните туку до удобната фотелја во која се вдомивте. Времето ви истекува, а резултати освен политички пресови нема. Господине Герасимовски Бетон охрабрете се…
Povezane vijesti

МИЦЕВСКА: Филипче и Горан Бетоњерка, каде се паркинзите, зеленилото и новите училишта во Центар?

Бојаџиева Марковска: На Водно се гради безмилосно, училиштето е преполно, а ниту едно ново нема предвидено Горан Бетон Герасимовски
