Бојаџиева Марковска: На Водно се гради безмилосно, училиштето е преполно, а ниту едно ново нема предвидено Горан Бетон Герасимовски

Денес се наоѓаме на улицата „Тодор Александров“, каде што повторно сведочиме за изградба која отвора сериозни прашања во врска со нехуманата бетонизација на Центар, изјави Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ. „Згради никнуваат една до друга, просторот за зелени површини, дворни површини, и паркингот станува сè поголем проблем. Дали е ова е хуманата урбанизација којашто им ја ветувавте на центарци? Но, проблемот не завршува со паркинг просторот и зелените површини. Со секоја нова зграда доаѓаат нови семејства, нови жители и деца на кои им е потребно место во основните училишта“, потенцира во изјавата Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕ. [embed]https://youtu.be/tqY5bHHdyd0[/embed] „Родителите веќе реагираат дека во основното училиште „Кочо Рацин“ веќе има паралелки кои имаат 38 ученици. Доколку се потврдат овие податоци, се поставува следното прашање: каде ќе учат децата на семејствата кои допрва треба да се вселат во новите станбени единици? Господине Филипче, господине Горан Бетон Герасимовски, ве повикуваме да дојдете на улицата Тодор Александров, во близина на училиштето Кочо Рацин и да им објасните на граѓаните каде е зеленилото, паркинг-просторот и зошто во ниту еден ДУП, па ни во овој за Водно, не е впишано ново училиште? Господине Филипче, како претседател на СДС…
Povezane vijesti

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка

Николов: Од вкупно 16,41 милиони евра приходи од комуналии, немаме ниту едно ново училиште во Центар, ама затоа се градат над 100 згради
